Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

knigata1 fin

Од осум илјади зборови, турцизми, што вредно почнал да ги запишува како гимназијалец додека ги употребувале во велешкиот говор и дијалект најблиските во семејството на Прим д-р Борислав Гајдов потоа неговите другари , пријатели и роднини за потоа да продолжи со евидентирање и на пошироката територија на штотуку формирана Република Македонија по Народно ослободителната војна се состои книгата „Турцизми во македонскиот јазик“.

knigata1 naslovna

- Тенденција на современите македонисти и лингвисти е да се исфрлаат турцизмите и да се употребуваат соодветни заемки но во одредени состојби од литературата многу поефектно е кога се користи некој турцизам. И тоа беа мотивите на мојот почитуван другар д-р Борис Гајдов да се зафати со овој предизвик и за неколку години да ја напише книгата што сега е издадена и има интерес меѓу стручната јавност и граѓаните. И јас кога ја имав книгата во раце се потсетив на безброј турцизми што ги слушав од дедо, баба, родителите, соседите посебно од велешките занаетчии со кои многу време поминував кога бев млад и живеев во Велес. И имињата на занаетите беа турцизми па дури и производите што тие ги произведуваа, рече арх. инг Стефан Ѓорчев. Тој е пријател на д-р Гајдов и почитувач на лингвистиката и македонистиката.

Publika3 fin

Книгата „Турцизми во македонскиот јазик“ на Прим д-р Борислав Гајдов беше промовирана во неговиот роден Велес. На промоцијата во локалната библиотека „Гоце Делчев“присутните велешани, соученици на Гајдов и Ѓорчев од гимназиски денови, семејствата, поранешни просветни работници и граѓани од турска националност Ѓорчев ја пренесе рецензијата на проф. д-р Светлана Дафкова од Институтот за македонски јазик.

Професорката за книгата напиша дека претставува редок повеќегодишен труд на собирање зборови од Велес и Велешко, содржи интересни податоци од историски настани, географски поими, археолошки локалитети, имиња на занаети, алатки, орудија, оружје, градинарски и земјоделски култури, имиња на животински и растителен свет, разни јадења, зачини и кујнски садови, градежни материјали, песни, музички инструменти и обичаи.

knigata2 fin

Велешкиот истражувач и хроничар Љупчо Данов на промоцијата истакна како согледал дека всушност обајцата ја работат истата работа, тој копа по архивите и историјата, а Гајдов копа по македонскиот јазик барајќи и запишувајќи ги зборовите што се прифатени од турскиот јазик.

- Јас најдобро знам каква макотрпна работа, ентузијазам, непроспиени ноќи и упорност е потребно за на едно место да соберете толку зборови, да ги запишете и појасните. Тоа го можат само луѓе со огромна љубов кон работата на која и се посветиле. Велат дека човек е богат онолку колку што јазици зборува. Тоа е вистина! Имав среќа да сретнам во Турција една жена која докторираше турски јазик на тема: „Влијанието на јазиците на народите кои биле под Османлиска Турција врз турскиот јазик“. Тоа е нешто обратно од ова што доктор Гајдов го запишал, но е многу значајно за нас Македонците, бидејќи во турскиот јазик постојат и многу изрази и зборови кои Турците ги превзеле токму од нас!Особено бев изненаден и безмалку среќен што во Турција насекаде и секогаш среќавам луѓе кои со генерации се присутни таму, но со гордост кажуваат дека тие или нивните семејства потекнуваат од Македонија, од Велес, од Врановци. Иако веќе 3-4 генерации се родени таму, тие би рекол „наши“ Турци, со радост констатирам дека многу од нив перфектно го владеат македонскиот јазик, ја знаат и разбираат македонската традиција и ги знаат и пејат македонските народни песни. Тие се горди на тоа, рече Данов.

Posledna fin

Ова е девета книга на психијатарот Прим д-р Борислав Гајдов. Неа ја издаде издавачката куќа „Тримакс“ и многу веројатно е дека ќе биде преведена како и издадена во Турција. Авторот поради болничко лекување не присуствуваше на промоцијата на книгата во Велес. Негова замена беше синот./У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново