Претставата за деца „Златната рипка“ премиерно на сцената на велешки театар
На големата сцена во театарот “ЈХК-Џинот” во Велес денеска напладне премиерно биде изведена претставата за деца “Златната рипка”.
Оваа најнова продукција за деца е бајка во стихови, работена според “Сказна за рибарот и рипката” од Александар Сергеевич Пушкин, во превод и драматизација на Слободанка Чичевска, а во режија на Младен Крстевски.
Приказната зборува за рибарот кој фатил „Златна рипка“ и која му ветила дека ќе му исполни било каква желба ако ја ослободи.
Во претставата настапуваат Александар Ѓеоргиев како Рибарот, Слободанка Чичевска како Бабата, Кристина Нацева како Златната рипка и Кирил Гравчев како Раскажувачот.
Премиерната изведба на претставата е со организирана посета на ученици, но и со слободна продажба на билети на билетарницата на театарот./У.Ј