Кавадаречките актери ќе одиграат претстава на „Македонско културно лето“ во Пустец, Албанија
Објавено на 26 јули, 2018 во 09:36
Со претставата “Пасивно пушење“, театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци, ќе гостува на манифестацијата „Македонско културно лето“ во соседна Албанија.
Таа се одржува во Пустец каде актерите од Кавадарци ќе настапат на 27 јули, годинава.
Македонското културно лето во Пустец се одржува по единаесетти пат. И годинава пред нашите сонародници во Албанија ќе се престават повеќе професионални театари од Македонија.
Кавадаречкиот театарски ансамбал по втор пат учествува на манифестацијата./У.Ј